Цибона ги отпушти сите вработени

Хрватскиот кошаркарски шампион и двократен поранешен европски првак, Цибона поради голема финанскиска криза во које се наоѓаше и претходно, а коронавирусот само ја дополни ги отпушти сите вработени вклучувајќи го и тренерот Иван Велиќ и неговиот тим.

Цибона решила да им врачи откази на сите од работниот колектив, меѓу кои и осум готвачки, неколку секретарки и сите тренери. Директорот на клубот Домагој Чавловиќ одбил да ја коментира ситуацијата на барање на хрватските медиуми.

Дополнителен проблем за Цибона во оваа ситуација прави и фактот дека клубот неодамна излезе од претстечајна постапка и поради тоа не може да влезе во групата корисници на мерките кои ги овозможува хрватската влада за сите погодени од кризата поради коронавирусот. Не е познато што ќе биде со платите на  вработените.

Се вчитува...