Цикарски се пресели во Романија

Мите Цикарски ја продолжува својата кариера во Романија, откако денеска и официјално потпиша договор на една и пол сезона со екипата на Газ Метан. Левиот бек од претходно ги имаше договорено условите за соработка со романскиот клуб, па откако доби раскин на договорот со Јанина и официјално беше промовиран во новата екипа.

Цикарски претходно настапуваше и за тимот на Етникос, додека во македонското првенство овој фудбалер ги бранеше боите на Вардар и на Работнички.

Газ Метан моментно е на деветтата позиција на табелата, но овој тим се наоѓа во огромна криза, немајќи победа во последните десет кола од романскиот шампионат. Новиот тим на Цикарски утре го пречекува тимот на Дунареа, меч што македонскиот интернационалец речиси сигурно ќе го пропушти.

Се вчитува...