Циндриќ: Сега за нас следи мечот на сезоната против Висла Плоцк

Ракометарите на Вардар се вратија во победнички елемент на дуелот против ППД Загреб во СЕХА – лигата, а хрватскиот интернационалец Лука Циндриќ вели дека за „црвено-црните“ следува можеби и мечот на сезоната. Во СЦ „Јане Сандански“ викендов ќе гостува Висла Плоцк, а Вардар со триумф ќе обезбеди директен пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

„Ова беше тежок натпревар за нас, и среќни сме поради триумфот. Сега гледаме напред, и се фокусираме на претстојниот викенд, кога ќе го играме можеби и мечот на сезоната во групната фаза од ЛШ“, изјави Лука Циндриќ.

Се вчитува...