Циркус во финалето на АКН: Сенегал го напушти теренот поради досуден пенал, Мане ги тераше да се вратат

Огромен скандал го потресе Африканскиот Куп на Нациите откако во финалето помеѓу Мароко и Сенегал, една одлука на судијата придонесе за контроверзии. Пеналот беше досуден за Мароко, а тоа ги вознемири Сенегалците кои се одлучија да го напуштат теренот, револтирани од одлуката на судијата.

Сепак, откако дел од играчите го напуштија теренот, Садио Мане ги повикуваше да се вратат и да го доиграат натпреварот.

Откако дел од неговите соиграчи не го послушаа, тој влезе во совлекувалната да ги повикува да се вратат, и тоа му успеа. Јасно беше дека ако Сенегал не се врати на теренот, дека ќе го загуби службено натпреварот, па затоа и оваа реакција на Мане.

Се вчитува...