Крајно непосакувани сцени на натпреварот меѓу Тиквеш и Гостивар во 13. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Во 33. минута главниот судија се одлучи да досуди крајно сомнителен пенал за гостите, се чини непостоечки ако се погледне дека немаше директен контакт меѓу двајцата фудбалери, а дефанзивецот на Тиквеш се обиде да ја исфрли топката од свое поле.
Досудениот пенал за Гостивар кој Атиемвен го претвори во гол за 0-2 за Гостивар предизвика силен револт кај домашните фудбалери.
Но, и кај домашната публика која почна со шишиња да фрла на терен и кон помошниот судија, поради што натпреварот мораше да биде прекинат.
Интересно, на терен втрча и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој сепак беше смирен од капитенот на Тиквеш, Даниел Мојсов и од голманот Димовски. Па, натпреварот за кратко продолжи…
До крајот на полувремето, Тиквеш успеа да ја ублажи предноста на гостите со голот на Спахиу во 38. минута од средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА