Циркус во Турција: Фудбалер на Галатасарај со глава удри соиграч а потоа и го шамараше (ВИДЕО)

Галатасарај славеше со 0-2 на гостувањето против Гиресунспор во првото коло од турската Суперлига.

Но, еден момент посебно го одбележа синоќешниот натпревар. Во центарот на вниманието се најде гостинскиот фудбалер Маркао кој доби црвен картон затоа што го удри соиграчот Актуркоглу што ги шокираше сите присутни на стадионот.

Играчот на Галата од својот шеснаесетник потрча кон центарот на теренот за да се судри со соиграчот. Најпрво со глава го удри Актуркоглу а потоа и почна да го „шамара“. Се вклучија и останатите играчи на тимот кои спречија и поголем инцидент.

Главниот судија му покажа црвен картон на Маркао, а на терен не остана ниту Актуркоглу кој брзо потоа беше сменет од Фатих Терим затоа што беше во шок од се што се случи на терен.

Се вчитува...