Вистински циркус се одвивал во португалскиот национален тим во изминатите 24 часа во Копенхаген, а во главна улога се наоѓаше Кристијано Роналдо кој на крајот ја напушти националната база откако му беше кажано дека нема да настапи на дуелот со Данска.
Роналдо ја мина целата средба со Норвешка на клупата за резерви, загревајќи се дваесетина минути без да влезе во игра, по што веднаш по последниот свиреж на судијата бесен се упати кон соблекувалната додека неговите соиграчи ја славеа победата.
Дното во неговиот однос со селекторот Жезус било допрено откако искусниот стратег се појавил на вчерашната прес-конференција изјавувајќи „јас сум главен и јас решавам кој ќе игра“, иако неколку часа претходно во приватен состанок на кој присуствувал и претседателот на федерацијата било најавено сосема поинакво сценарио и еден вид на извинување од кормиларот на националниот тим.
Откако Жезус не го сторил тоа, Роналдо се спакувал, резервирајќи приватен авион да го однесе до Мадрид, по што португалската суперѕвезда го напуштила репрезенативниот хотел.
Циркусот во тие моменти кулминирал, пишува мадридска „Марка“, бидејќи откако им станало јасно што се случило, Жезус и првиот човек на федерацијата, Проенса, тргнале на аеродромот да го молат Кристијано да се врати.
Според „Марка“, тие се сретнале со голгетерот извинувајќи му се во обид да го премислат, но Роналдо останал на својот став, на крајот влегол во авионот и полетал за Мадрид.
Во секој случај, неславен крај на една блескава репрезентативна кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
