Продолжува циркусот во Манчестер јунајтед и во клупските структури. По само пет месеци откако беше доведен од Њукасл, Ден Ешворт е зменет од позицијата спортски директор на клубот.
Сосема неочекувано, Ешворт е сменет од позиција откако беше купен од Њукасл. Јунајтед за него му исплати и отштета на Њукасл, а само за да го добие на инсистирање на компанијата „ИНЕОС“ која го презеде раководењето на клубот.
Како што пренесуваат англиските медиуми, до разделба доаѓа по состанок на Ден Ешворт со еден од извршните директори Омар Берад. Челниците на клубот се тие кои иницираа заминување, меѓутоа двете страни се договорија спогодбено да го прекинат договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА