Циципас го доби Медведев и го исфрли од АТП финалето

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас стигна до првата победа на АТП завршниот турнир во Торино откако во 2. коло на Црвената група славеше над Русинот, Данил Медведев со 2-0 по сетови 6-3, 6-7 и 7-6 и со тоа го елиминираше од понатамошното натпреварување.

Во првиот сет на Гркот му беше потребене само еден брејк за да го освои со 6-3. Во вториот Циципас во тај брејкот не искористи три меч топки, па 13 игра ја доби Русинот со 13-11 и го одведе мечот во одлучувачки трети сет.

Таму Медведев прв дојде до брејк, но Гркот успеа да го врати брејкот и да го одведе сетот во неизвесна завршница во која подобро се снајде и триумфираше во тај-брејк.

Во последното трето коло Циципас во директен дуел со Рубљов ќе одлучува за второто место, додека Новак Ѓоковиќ е сигурно прв и нема да има никакво резултатско значење неговиот меч против Данил Медведев.

 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...