Циципас го уништи Синер и се пласираше во полуфиналето на АО

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас е третиот полуфиналист на првиот гранд-слем турнир во сезоната, откако утрово славеше против Италијанецот, Јаник Синер со максимални 3-0, по сетови 6-3, 6-4 и 6-2.

Во полуфиналето Гркот го чека подобриот од мечот меѓу вториот носител Данил Медведев и Канаѓанецот, Феликс Оже-Алиасим.

Претходно, по вчерашниот ден беше позната и првата полуфинална двојка во која ќе се сретнат Рафаел Надал и Матео Беретини.

Се вчитува...