Циципас ја одбрани титулата во Монте Карло

Грчкиот тенисер, Стефанос Циципас ја одбрани титулата на третиот АТП Мастерс 1000 турнир кој се игра во Монте Карло.

Циципас до титулата стигна, откако во финалето го совлада големото изненадување Алехандро Давидович Фокина со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 7-6.

Во првиот сет на Гркот му беше доволен брејк во осмиот гем кога поведе со 5-3, додека во вториот славеше во тај-брејкот со 7-3, иако можеше и многу порано да го заврши натпреварот бидејќи сервираше за титула при резултат 5-4. За грчкиот тенисер ова е осма АТП титула во кариеара, а втора на мастерсот во кнежевството.

Се вчитува...