Циципас се извлече против Фриц, елиминација на Сабалјенка

Четвртиот носител Стефанос Циципас успеа да се пласира во четвртфиналето од Австралија опен откако во маратонски меч од осминафиналето славеше над Американецот, Тејлор Фриц со 3-2 по сетови 4-6, 6-4, 6-4, 3-6 и 4-6.

Во четвртфиналето тој ќе се сретне со Италијанецот, Јаник Синер.

Втората носителка во женска конкуренција Арина Сабалјенка доживеа елиминација откако исто така во трилер натпревар беше поразена од естонската ветеранка Каја Канепи со 2-1 (5-7, 6-2 и 7-6). Канепи во четвртфиналето за противничка ќе ја има Полјачката Ига Швјонтек.

Се вчитува...