Цонга по Ролан Гарос му кажува збогум на тенисот

Еден од најсимпатичните тенисери кои одбележаа една ера на АТП турнејата, Жо Вилфред Цонга најави дека по годинашното издание на Ролан Гарос ќе стави крај на професионалната кариера.

Французинот немаше среќа што најдобриот тенис го играше во ерата на големата тројка, но со својот стил и начин на игра ги освои симпатиите на голем број на тениски фанови.

Најголемиот успех во кариерата го имаше на Австралија опен во 2008 година кога во финалето со 3-1 загуби од Новак Ѓоковиќ за кого тоа беше прв гранд-слем турнир во кариерата.

 

 

 

Се вчитува...