Голема афера е на повидок во францускиот тенис. Жо-Вилфред Цонга, најголемото име на „триколорите“ овој милениум, долго време е кандидат за селектор на Франција во Дејвис купот, но вратата е се уште затворена.
Цонга не го крие незадоволството од работата на Француската федерација.
„Никој ништо не не прашува. Очигледно е дека има проблем, иако Федерацијата не сака да го признае тоа. Кога ништо не функционира, треба да се постават вистинските прашања. Лесно е да се каже дека проблемот доаѓа од луѓе кои претходно работеле, но потоа и тие треба да одговараат за своите резултати. Ми кажаа дека има конфликт на интереси кога е во прашање мојата кандидатура“, изјави Цонга.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА