Црна Гора со пораз од Франција ги загуби шансите за пласман на Европското првенство

Репрезентацијата на Црна Гора загуби на домашен терен од Франција со 71-73 во натпревар од Г групата во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2022 година. Со овој пораз Црногорците ги загубија шансите за пласман на еврошампионатот.

Израмнет натпревар во кој на крај одлучија нијанси, среќата беше на страна на Французите. Ертел со 14 поени беше прво име во победничкиот табор, додека кај Црна Гора Поповиќ заврши со 17 поени.

 

 

Се вчитува...