„Црно-бела“ победа во натпреварот на 19. коло

ТФТ стигна до важна победа во битката за третата позиција на табелата откако во натпреварот на 19. коло славеше на гостувањето кај Феникс 2010 со 66-76. Домашниот тим на крилја на Трајковски имаше фантастичен старт на натпреварот, но како што одминуваа минутите гостите ја превземаа иницијативата. Клуч за „црно-бело“ славје во Аеродром беа десетте скокови во нападот и десетте реализирани обиди за три поени за избраниците на Смилковски по првата четвртина.

Отварањето на натпреварот беше целосно во знакот на Феникс 2010 која на крилја на неверојатниот Бојан Трајковски рано стигна до висока предност. Крилниот центар беше расположен во реализацијата и разигрувањето на соиграчите па домашниот тим беше блиску и до двоцифрена предност (21-12), но сепак ТФТ до крајот на првата четвртина успеа да одигра подобро во одбраната, ги примора „виолетово-жолтите“ на изгубени топки, а со тоа ја намали негативата на 24-19 по 10. минути игра.

Како што одминуваше првото полувреме опадна реализацијата во домашниот тим, а неколку минутниот пост во нападот тоа го искористија гостите кои преку Костоски ја вратија неизвеноста за предност од 28-30. Сепак избраниците на Дервишевиќ ги консолидираа редовите и не дозволија поголема негатива за 38-38 на полувремето.

Ритамот на ТФТ продолжи и на отварањето на второто полувреме во кое изгубени топки продолжија да бидат проблем за домашниот тим, а реализацијата за три поени предност на гостите. Во ритам влезе Андерсон, ТФТ го имаше и расположениот Хогтон па тимот од Тафталиџе поведе двоцифрено (47-57) пред одлучувачките десет минути. Во нив Феникс 2010 продолжи да брка негатива, преку Митревски, Трајковски и Хот стигна до 64-66, но Андерсон и Костоски одговорија зад линијата 6,75, ја вратија високата предност за ТФТ и не дозволија неизвесен финиш.

Со 27 поени и 14 скока лидер на Феникс 2010 беше Трајковски, а него го следеше Хот со 12 поени. Со 23 поени и 5 асистенции ТФТ го предводеше Костоски, 18 поени додаде Андерсон, а како двоцифен со 12 поени мечот го заврши и Мекбраер.

Се вчитува...