Црвен аларм – Арсенал на еден пораз од зоната на „испаѓање“

„Топџиите“ ќе бидат домаќини на Челси, а победа на вакви натпревари може да ја сврти сезоната, нешто што навистина му треба на Микел Артета. Шпанскиот стручњак не ја „вкусил“ победата во Премиер лигата од 1 ноември, кога Арсенал беше гостин на Јунајтед.

Сепак, „топџиите“ ќе имаат значителни проблеми во тимот, Томас Парти дефинитивно нема да настапи, додека капитенот Обамејанг исто така е под голем прашалник за настап поради повреда.

Опоравениот Габриел Мартинели се очекува да започне со Лаказета во нападот. Останува да видиме дали Пепе, Вилок или Вилијан ќе им прават друштво, а Гранит Џака ќе се врати во средниот ред.

Доколку Арсенал загуби, му се заканува само еден бод разлика во однос тимовите од зоната на испаѓање.

Се вчитува...