„Црвен аларм“ во Реал Мадрид поради Арда Гулер

Арда Гулер кој изминатото лето го засили Реал Мадрид од Фенербахче во трансфер вреден 20 милиони евра се уште го чека дебито за „кралскиот тим“. Турскиот репрезентативец по пристигнувањето во Мадрид се соочи со големи проблеми со повредите, а и покрај тоа што се чинеше дека истите се надминати, заработи нова.

Младиот Турчин беше на клупата за резерви за натпреварот против Брага во Лигата на Шампионите, но заработи нова повреда за време на загревањето која ќе го оддалечи надвор од терените и во следниот месец.

Според информациите на шпанските медиуми ситуацијата е сериозна и во Реал Мадрид е активиран „црвениот аларм“. Шпанскиот гигант планира детално да ги истражи повредите на Гулер и воедно да најде решение за да го намали ризикот од повторување на проблемите во иднина.

Се вчитува...