„Црвен картон“ за Бош – Борусија го отпушти тренерот

На трпението на челниците на Борусија Дортмунд му дојде крајот, па вечерва е донесена одлука за разделба од тренерот Петер Бош.

Холандскиот стратег пристигна од Ајакс и требаше да биде предводник во атакот на титулата во Бундес-лигата, но и покрај добриот старт следеше катастрофална серија од осум средби без победа. Кризата кулминираше со денешниот пораз од 1-2 на домашен терен од аутсајдерот Вердер, со што Бош го потроши и последниот кредит, па вечерва беше донесена одлука за негова смена. Информацијата прв ја објави весникот „Билд“, според кој нејзината официјализација се очекува најдоцна за 24 часа.

Борусија веќе заостанува огромни 13 бода зад Баерн, а згора на тоа „милионерите“ беа елиминирани уште во групната фаза од Лигата на шампионите.

Се вчитува...