Бошко Ѓуровски беше лекуван во Институтот за кардиоваскуларни заболувања „Дедиње“, а Црвена звезда издаде соопштение. На Ѓуровски му се слоши за време на говорот на комеморацијата за Дејан Миловановиќ.
„На комеморацијата за Дејан Миловановиќ, на Бошко Ѓуровски одеднаш му се слоши за време на говорот. Легендарниот фудбалер на нашиот клуб брзо се освести, а потоа беше префрлен во Институтот за кардиоваскуларни заболувања „Дедиње“, каде што беше подложен на детални прегледи“, се вели во соопштението на Црвена звезда.
Директорот на Институтот, проф. д-р Милован Бојиќ вели дека поранешниот селектор на Македонија се чувствува добро.
„Бошко се чувствува добро и е во добра општа здравствена состојба“, изјави проф. д-р Милован Бојиќ.
Во наредниот период, Ѓуровски ќе ги помине сите понатамошни потребни прегледи, за да можат лекарите да бидат апсолутно сигурни дека сè е во најдобар ред.
„ФК Црвена звезда му посакува на нашиот Бошко брзо закрепнување и наскоро повторно да се видиме на Маракана“, стои во заклучокот од обраќањето од Маракана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

