Црвена Звезда му врачи отказ на Душко Ивановиќ

После првата, дојде и втората смена на клубовите кои настапуваат во Евролигата. Вчера Асвел го смени тренерот Паркер, а денеска смента доаѓа во соседството. Црвена Звезда остана без тренер откако Душко Ивановиќ доби отказ после најновиот пораз во Евролигата од Виртус Болоња.

Ивановиќ дојде на клупата на Звезда во ноември 2022 година, и за тоа време доживеа пораз во АБА Лигата од Партизан. Дојде со големи амбиции, меѓутоа трите порази во четирите меча во Евролигата и слабиот старт му пресудија на искусниот тренер.

Смената доажа после две вечни дербија против Партизан во Евролигата и во АБА Лигата. Првото дерби е во четврток во Евролигата, а потоа на 30. октомври се среќаваат и во АБА пресметката.

Се вчитува...