Црвена Звезда на чекор до светски рекорд!

Фудбалерите на Црвена Звезда испишаа историја оваа сезона, па тие можат да ја зачинат и со неверојатен светски рекорд. На досегашните 36 натпревари, црвено-белите имаат скор 33 победи, 3 реми натпревари и 0 порази.

Тимот од Белград моментално имаат 102 освоени бода, а доколку освојат уште шест, ќе го соборат рекордотот на Селтик, кој освои 106 бода во 2016/17 сезона.

На сето ова треба да се додаде дека Звезда се наоѓа во финале во Купот на Србија и дека ќе се борат за двојна круна против Партизан на 25 мај, што е уште една потврда за одличната сезона на „црвено белите“.

Се вчитува...