Црвена Звезда „падна“ и на гостувањето кај Олимпијакос (ВИДЕО)

Олимпијакос успеа да го одбрани домашниот терен од Црвена Звезда, совладувајќи го српскиот состав со 94-79 со што стави крај на серијата од седум порази едно по друго. Саша Везенков беше предводник на Грците со 17 поени и 5 скока, додека Марко Симоновиќ натпреварот го заврши со 19 поени за белграѓани.

Во останатите натпревари кои беа одиграни денеска Алба благодарение на перфектната последна четвртина (14-32) го прегази рускиот Химки на гостински терен со 81-100. Шведскиот интернационалец во редовите на германскиот состав одигра одличен натпревар кој го заврши со 36 поени и 4 скока, додека Џордан Мики постигна 29 поени и 9 скока за домаќините.

На победа се радуваше и Милано кој го доби неизвесниот натпревар против Жалгирис со 64-69. Шавон Шилдс беше првото име кај Италијанците со 23 поени и 4 скока, додека Мариус Григонис ги предводеше Литванците со 17 поени и 5 скока.

Се вчитува...