Црвена Звезда се држеше едно полувреме, па загуби од Жалгирис

Кошаркарите на Црвена Звезда загубија на гостувањето во Каунас од Жалгирис со 75-62 во заостанатиот натпревар од 24. коло од Евролигата.

„Црвено-белите“ доминираа во првото полувреме кое го завршија со предност од 40-44, но во вториот дел тотална доминација, пак, на домашните кои на крајот завршија и со предност од 13 поени (75-62).

Најефикасен во победничкиот тим беше Григонис со 17 поени, а Најџел Хејс мечот го заврши со 16 поени. Кај Црвена Звезда се издвоија Џордан Лојд и Марко Симоновиќ со по 16 поени.

Се вчитува...