Црвена Звезда се прошета во Франција

Кошаркарите на Црвена Звезда го совладаа АСВЕЛ на гостински терен со 68-89. Домаќините имаа предност само по првите десет минути кога водеа со 21-17, а веќе со одличната втора четвртина белграѓани успеаја на полувреме да заминат со предност од 38-44.

Во третиот период разликата само се зголемуваше, а пред последните 10 минути гостите имаа позитива од плус четиринаесет 53-67. Во последниот период само го контролираа резултатот и на крајот стигнаа до конечен триумф од 68-89.

Лојд со 29 поени беше прво име во победничкиот табор, додека Волден уфрли 20. Кај поразените Фриман го заврши мечот со 12 поени.

Се вчитува...