Црвена Звезда со гол од пенал се спаси од пораз од Партизан… (ВИДЕО)

Црвена Звезда извлече реми (1-1) во големата дерби пресметка со Партизан во 11. коло до Суперлигата на Србија, по кое ја задржа предноста пред својот најголем ривал на врвот од табелата.

„Црвено-белите“ се извлекоа од пораз благодарение на погодокот од пенал во 75. минута на Катаи, откако претходно Јојиќ направи неразбирлив потег, непотребно влечејќи го во својот шеснаесетник противничкиот напаѓач…

А, Партизан долго чуваше предност откако уште во 5. минута поведе со голот на младиот Стевановиќ…

По 11 кола, Црвена Звезда е на чело на табелата со 31 бод, осум повеќе од Партизан и Војводина кои имаат по 23 бода.

Се вчитува...