Црвена звезда во победнички ритам, Џонс во последната секунда го сруши Асвел

Кошаркарите на Црвена звезда славеа во драматичниот натпревар против Асвел на гости и тоа со 84:82 и тоа со поени со звукот на сирената.

Ова е трета победа по ред за „црвено-белите“ во Евролигата, откако сезоната ја стартуваа со два порази.

Целиот натпревар помина во израмнета игра, и двете екипи се менуваа во водство, по што беше јасно дека победникот ќе биде одлучен во финишот.

Асвел по поените на поранешниот играч на Црвена звезда, Џоел Боломбој, поведе со 77:72 на четири минути до крајот.
Црвена звезда одговори со серија 0:8 за водство од 77:80 на 108 секунди до крајот.

Бесон веднаш израмни, а потоа Нвора реализира две слободни фрлања за ново водство (82:84). Боломбој по офанзивниот скок, донесе ново израмнување на 82:82, а во следниот напад гостите не беа прецизни по што домаќините имаа нова шанса.

Асвел не ја реализира и последниот напад го имаше Црвена звезда за која Крис Џонс со звукот на сирената погоди за триумф од 82:84. Покрај херојот Џонс, Чима Монеке даде 18 поени, а Нвора 17 за Црвена звезда.

Претходно, Фенербахче со убедливи 99:80 го победи Жалгирис.

Се вчитува...