„Црвените ѓаволи“ мислат на иднината – Еланга потпиша нов договор со Јунајтед

Манчестер Јунајтед на својата официјална веб-страница објави дека потпишал нов договор со младиот талент Ентони Еланга. Новиот договор ќе го задржи Еланга на „Олд Трафорд“ до летото 2026 година.

Ентони Еланга има 19 години и игра главно како лево крило. Шведскиот младински репрезентативец дојде во фудбалската академија на „Црвените ѓаволи“ во 2014 година.

Своето официјално деби за првиот тим на Манчестер Јунајтед го имаше во мај годинава против Лестер во натпревар од Премиер лигата. За првиот тим на англискиот гигант досега има одиграно вкупно 5 натпревари и 1 постигнат гол.

Се вчитува...