„Црвено-белите“ се возеа со тенкот и го славеа влезот во ЛШ (видео)

Фудбалерите на Црвена Звезда остварија огромен успех втора година по ред пласирајќи се во групните фази од Лигата на шампионите, а еуфоријата пред стадионот „Рајко Митиќ“ траеше до раните утрински часови.

Навивачите славеа пред арената, а потоа им се придружија и играчите, кои дури и ставија шлемови на главите и се качија на тенкот што беше поставен пред стадионот во пресрет на синоќешниот реванш.

Следеше и кратко возење со тенкот, од „Маракана“ до кружниот тек во населбата „Автокоманда“, во прославата што ќе се памети уште долго.

Се вчитува...