„Црвено-црните“ си поигруваа со Пекинг

Вардар очекувано лесно и рутински триумфираше над Пекинг со убедливи ,37-23 означувајќи победнички старт на одбраната на титулата во СЕХА-лигата. Разликата во квалитет беше сосема очигледна, прашањето на победникот воопшто и не беше доведено во прашање, а тренерот Писонеро ја искористи можноста за да им даде шанса на сите ракометари, вклучувајќи ги и оние најмладите во црвено-црниот табор.

По неполни десет минути игра „вардарци“ веќе имаа двојно повеќе голови од противникот (8-4), а како што одминуваше времето, така и предноста на македонскиот првак се зголемуваше. На одмор се замина со 19-12, а без оглед на ротациите во тимот „црвено-црните“ продолжија да доминираат на теренот на крајот триумфирајќи со 37-23.

Дибиров не настапи на оваа средба, но Димитриоски одлично се снајде како негова замена постигнувајќи шест гола, исто колку и Атман и Шишкарев. Стрелци на овој меч беа и младите Карапалевски, Кукуловски и Гашоски, додека Гедбан на голот имаше 13 успешни интервенции.

Се вчитува...