ЦСКА и Ефес до нови убедливи победи

ЦСКА Москва и Анадолу Ефес забележаа нови победи во Евролигата, со кои двата европски гиганти ја продолжија трката за што подобар пласман во пресрет на нокаут фазата.

ЦСКА немаше никакви проблеми на дуелот со Црвена Звезда, рутински славејќи со 87-72. Клучната предност беше создадена во првата четвртина што рускиот тим ја доби со убедливи 31-19, по што избраниците на Итудис знаеја како да ја задржат позитивата до самиот крај. Дејан Давидовац постигна рекордни за него 20 поени во Евролигата, но и тоа беше премалку за да се приреди изненадување во Москва. Најефикасни во таборот на ЦСКА беа Шенгелија со 16 и Хекет со 15 поени.

Анадолу Ефес за ривал го имаше Панатинаикос, но турскиот гигант лесно го скрши отпорот на грчкиот состав триумфирајќи со 85-65. Мициќ беше главна фигура во победничкиот состав со 21 поен и 7 асистенции, Данстон постигна 15 поени за Ефес, додека Хезоња беше прв стрелец на ПАО со 14 постигнати поени.

Се вчитува...