ЦСКА во супер завршница до триумф над Жалгирис

ЦСКА Москва славеше (79-84) на гостувањето против Жалгирис во 16. коло од Евролигата во извонреден меч кој го одбележаа бројни пресврти, за на крај и триумф на Русите.

ЦСКА го почна извонредно мечот добивајќи ја првата четвртина со 11 поени предност (17-28). Но, потоа Жалгирис се врати во игра за да во последниот период влезе со четири поени предност.

Вистинска драма на паркетот се одвиваше во последната четвртина која ЦСКА ја доби со 20-29 за конечна победа.

Во победничкиот тим најефикасни беа Хакет и Клибурн со по 19 постигнати поени, а кај домашните се издвои единствено Брендон Дејвис исто така со 19 поени.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...