ЦСКА Москва убедлива во руското дерби против Зенит

ЦСКА Москва стигна до лесна победа во руското дерби против Зенит Санкт Петерсбург (83-65). Уште од самиот старт домаќините ја оправдаа фаворитската улога и веќе на полувреме имаа предност од плус четиринаесет (45-31).

Во вториот дел ЦСКА рутински ја одржуваше предноста и на крајот стигна до конечен триумф од 83-65. Мајк Џејмс со 20 поени повторно беше прво име во победничкиот табор, додека Хилард и Милутинов уфрлија по 13. Кај поразените Кевин Пангос го заврши мечот со 14 поени.

Се вчитува...