ЦСКА на Рајковиќ со луд камбек: Од „минус“ пет на шест секунди до крајот до продолжение (ВИДЕО)

Емил Рајковиќ и неговата ЦСКА Москва ја продолжија победничката низа во ВТБ лигата откако славеа по продолжение во драматичниот натпревар против Нижњи Новгород со 104-96.

Тимот предводен од македонскиот стратег се наоѓаше пред четвртиот пораз во сезоната со оглед на тоа што во регуларниот дел имаше негатива од пет поени на шест секунди пред крајот, но за продолжение се погрижиja Тримбл Мело и Каспер Вер.

Мело прво положи за негатива од три поени, а Вер украде топка на 1.8 секунди пред крајот и поентираше со звукот на сирената од осум метри за дополнителни пет минути.

Се вчитува...