Цуцули ќе паузира десетина дена поради повредата на глуждот

Дефанзивецот на Шкендија, Ардијан Цуцули, ќе биде надвор од тренажен процес во наредните десетина дена, објави клубот на својто официјален сајт. Тој го повреди скочниот зглоб на левата нога на самиот старт од првиот пријателски натпревар во Анталија против швајцарскиот тим Цирих.

Лекарскиот тим на Шкендија утврди дека се работи за повреда на лигаментите, која сепак не е толку сериозна, па се очекува Ардијан Цуцули да се врати во максимален натпреварувачки ритам за околу десетина дена.

Се вчитува...