Цветаноски од Караорман се врати во Охрид (ФОТО)

Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига.

22-годишниот Дарко Цветаноски, кој игра на централната дефанзивна позиција, повторно се враќа во редовите на охриѓани. Минатата сезона Цветаноски настапуваше за струшки Караорман.

Претходно, Охрид потпиша и со поранешниот фудбалер на Брегалница, Тиквеш, Пелистер…, Наумче Бакрачески.

Се вчитува...