Тудор: Не ми е страв од отказ

Во пресрет клучното гостување против Лацио, тренерот на Јувентус, Игор Тудор се соочува со огромен притисок по низата од седум натпревари без триумф.

Нов неуспех на Јувентус најверојатно би значело и отказ за хрватскиот стратег кој го спаси торинскиот клуб минатата сезона. Сепак тој не чувствува притисок и верува дека неговиот тим ќе успее да забележи позитивен резултат.

„Страв од отказ? Искрено, уживам, луциден сум и во тешките моменти, се ми е многу јасно и тоа ми дава сила која во други моменти не би ја имал. Тимот е мотивиран и желен да одигра добар натпревар“, порача Тудор.

Се вчитува...