Тудор раскина со Јувентус, повторно ќе биде прв тренер во Калчо-лиата

Игор Тудор е подготвен за нов самостоен тренерски предизвик во Калчо-лигата откако хрватскиот стратег го раскина договорот што го имаше со Јувентус како дел од стручниот штаб на „старата дама“.

Хрватот пристигна во Јуве како асистент на Андреа Пирло, извесно време се споменуваше и како кандидат за прв тренер во периодот кога на Пирло му се закануваше отказ во текот на ланската сезона. Подоцна тој остана и во стручниот штаб на Алегри, но сега самиот побара раскин на договорот откако Верона искажа интерес да го ангажира за прв тренер.

„Веронезите“ ја почнаа сезоната со три порази под водство на Ди Франческо, па по вчерашниот неуспех против Болоња на овој стручњак му беше врачен отказ. По заминувањето на Тудор од Јувентус, веќе нема никаква пречка за хрватскиот стручњак да го преземе кормилото на Верона.

Се вчитува...