Јувентус почна одлично во новата сезона, но штом резултатите се влошија, веднаш се појавија информации дека Игор Тудор би можел наскоро да добие отказ од тренерската функција.
Челниците на „старата дама“ и на почетокот од летово не беа премногу импресионирани, но решија да го задржат Тудор откако пропадаа преговорите со Конте и со Гасперини, но „црно-белите“ од Торино не се убедени дека ја донесе вистинската одлука. Италијанските медиуми тврдат дека Хрватот има заладени односи со директорот Комоли, кој веќе почнал да разгледува други опции за тренер што веќе во текот на следниот месец би го наследил Тудор.
Јуве денеска му гостува на Комо, по што ќе следат два тешки меча со Реал Мадрид и со Лацио… а два пораза на овие три средби и дефинитивно би му пресудиле на хрватскиот стратег.
Главен кандидат за нов тренер е екс-селекторот на Италија, Роберто Манчини. Јуве имаше преговори со него и летово, не беше постигнат договор, но околностите во меѓувреме се променија, сега самиот Манчини е заинтересиран за работа во најтрофејниот италијански клуб и „црно-белите“ се убедени дека ќе успеат да ги договорат финансиските услови за да го доведат овој стручњак во своите редови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

