Тудор: Со само два гола повеќе, ќе имавме и две победи повеќе

Јувентус и Милан одиграа 0-0 во дербито на 6. коло во елитниот италијански фудбал. Двата тима имаа изглени шанси да постигнат гол и да ги освојат трите бода, но на крајот се задоволија со натпревар без пораз.

Тренерот на „страта дама“ Игор Тудор изрази задоволство од крајниот резултат велејќи дека тој е чесен.

„Беше натпревар каков и што очекувавме, тежок и против силен тим. Сакавме победа, двете страни имаа шанси, но на крајот нерешено е најчесниот резултат… Досега да постигневме два голови повеќе ќе имавме две победи повеќе. Тоа е фудбалот. Мораме да продолжиме да работиме, но и на добар пат сме“, изјави Тудор.

Се вчитува...