Јувентус претрпе трет последователен пораз, овој пат против Лацио, а тренерот Игор Тудор не го криеше своето незадоволство од играта на своите играчи, особено на Андреа Камбијасо и Џонатан Дејвид.
Тудор веднаш на загревање го испрати Филип Костиќ, и го критикуваше Камбијасо кој беше заменет на полувремето.
„Костиќ се загреваше затоа што видов дека Камбијасо не игра добро, но генерално тимот имаше добар пристап до грешката на Џонатан и тој гол“, рече Тудор и додаде:„Ова е тежок период и мораме да останеме обединети. Секогаш ни недостасувае нешто. Стигнуваме до шеснаесетникот, но не постигнуваме гол“, изјави Тудор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

