Тухел бил „виновникот“ што Дембеле одбивал да потпише нов договор со Барса!?

И покрај желбата Барселона да го задржи, Усман Дембеле засега упорно одбива да го продолжи договорот со „Каталонците“. Сега се појави информација дека зад сето тоа стои менаџерот на Челзи, Томас Тухел.

Оваа вест ја откри мадридски „Ел Чирингито“ кој открива дека наводно Тухел го чека со „раширени раце“ Французинот на „Стемфорд Бриџ“ и тоа како слободен фудбалер.

Јасно е дека Тухел е виновникот што Дембеле дојде во Борусија Дортмунд. Токму под негово водство, Французинот дојде во Дортмунд, и „експлодираше“, за потоа да замине во Барселона каде што многубројните повреди го спречија да биде како во старите добри времиња.

А, Дембеле играше импресивно кај Тухел, и сега смета дека повторно може да го „воскресне“. Затоа Французинот е под тешка одлука: дали да остане и натаму да ја чека шансата во Барса, или да замине кај добро познато име. Ако го договори, тогаш Челзи ќе заврши голема работа, со оглед дека за него нема да плати ниту евро обесштетување. А, доколку ги избегне тешките повреди, тогаш Тухел на располагање ќе има одличен крилен фудбалер.

Се вчитува...