Тухел: Еднаш не е доволно, сакам трофеј и со Баерн Минхен во Лигата на шампионите

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел изјави дека сака со германскиот тим да ја освои Лигата на шампионите.

Тухел на клупата на Баерн седна пролетва кога беше одлучено прекин на соработката со Јулијан Нагелсман.

„Мислам дека ниту еден тренер кој бил на клупата на Баерн не може да каже дека очекува Баварците да бидат било каде освен на врвот. Сакам да бидеме шампиони и повторно да се најдеме во финалето на Купот, а секако да бидеме едни од конкурентите за освојување на Лигата на шампионите“ – вели Тухел, и дополнува:

„Се чувствував чудно кога со Челси дојдов до европската шампионска титула. Напорно работев кон остварување на тој сон, кој во тој процес станува јасна цел“.

Во сабота, 12. август, Баерн игра против Лајпцг за пехарот на Суперкупот во Германија.

Се вчитува...