Тухел го сака Џулијан Вајгл во Париз

Францускиот првак Пари Сен Жермен ќе го реновира средниот ред во летниот преоден рок, а тренерот Томас Тухел како едно од потецијалните засилувања го пикираше Џулијан Вајгл, играчот за врска на Борусија Дортмунд. Тој добро ги познава неговите квалитети од периодот кога го предводеше составот на „милионерите“ и сака да го доведе во ПСЖ.

Раководството на „светците“ е подготвено да понуди 25 милиони евра за ангажман на Вајгл, а во трката за неговите услуги се и Манчестер Сити, Рома и Баерн Минхен.

Џулијан Вајгл во 2015 година од Минхен 1860 дојде во Борусија Дортмунд, досега одигра 95 натпревари за „милионерите“ и постигна два гола.

Се вчитува...