Тухел го враќа Дембеле под своја команда во ПСЖ?

Германскиот стратег Томас Тухел ја доби довербата на раководството на клубот да го води тимот на Пари Сен Жермен од следната сезона, а тој посакува едно од првите негови засилувања да биде Осман Дембеле, крилниот напаѓач на Барселона. Тој не се снајде најдобро во каталонскиот клуб и би добил дозвола да си замине, а Тухел е подготвен да плати 100 милиони евра за да го доведе на „Паркот на принцовите“.

Младиот стратег одлично ги познава квалитетите на Дембеле, заедно соработуваа во Борусија Дортмунд, па јасно е зошто посакува да го види и во редовите на ПСЖ. Дембеле претходно настапуваше во тимот на Рен и сигурно не би имал против да се врати во Франција, и тоа на голема врата, во дресот на моќниот Пари Сен Жермен.

Се вчитува...