Пари Сен Жермен дојде на „Олд Трафорд“ без повредените Нејмар и Кавани, но тимот на Томас Тухел го совлада Манчестер Јунајтед со 0-2 и направи огромен чекор напред кон четвртфиналната рунда од Лигата на шампионите. Со головите на Преснел Кимпембе и на Килијан Мбапе, „светците“ остварија значителна предност пред реваншот во Париз.
„Ја заслуживме победата. Тимот одигра со фантастичен дух, агресивно, борбено, со изразена желба да оствари успех. И драго ми е дека момците успеаја во тоа иако бевме значително ослабени. Но, ова е само прво полувреме, ќе треба да бидеме на врвно ниво и на реваншот во Париз“, изјави Томас Тухел по победата на „Театарот на соништата“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА