Тухел: Имаме две нови повреди, тоа е поболно од ремито

Челси испушти нови бодови во трката за титулата во Премиерлигата откако ремизираше со 1-1 против Брајтон. „Сините“ стигнаа до водство во 28. минута преку Лукаку, а во првата минута од судиското дополнување Дани Велбек донесе бод за гостите на „Стемфорд Бриџ“.

За работите да бидат уште поболни, Челси остана без уште двајца играчи откако на повреди се пожалија Рис Џејмс и Андреас Кристенсен. Првиот беше заменет уште во 27. минута, додека Данецот издржа до полувремето, но не можеше да го продолжи мечот.

„Повторно имаме две повреди и тоа е поболно од ремито. Игравме со играчи кои во нормални услови треба да дадат 60 минути за тимот. Тоа е тоа“, изјави Тухел кој не го криеше незадоволството од мечот.

Се вчитува...