Тухел: Имавме многу среќа, мора да играме подобро

Англија е третиот полуфиналист на Светското првенство, откако по продлженијата ја сопре Норвешка со 2-1, и обезбеди место во завршницата на Мундијалот во Северна Америка. Апсолутен херој беше Џуд Белингем, кој постигна два гола. Најпрво израмнувачки во регуларниот дел, а потоа во продолженијата и победнички.

Зборовите на селекторот на Англија, Томас Тухел, ја отсликуваат блискоста на неговиот тим по победата над Норвешка. Тој не е задоволен од играта, но најважен е пласманот во полуфиналето…

„Самите си ја отежнавме работата. Игравме небрежно и направивме многу технички грешки. Денеска имавме среќа. Тоа нема никаква врска со менталитетот. Едноставно мораме да играме подобро“, изјави Тухел.

Се вчитува...