Тухел изненади: Можеби звучи чудно, но мене ми беше забавно….

Томас Тухел има разочарувачки старт на авантурата како тренер на Баерн Минхен, експресно беше елиминиран од Купот на Германија од тимотна Фрајбург, а сега е пред елиминација од Лигата на Шампионите, откако баварскиот гигант загуби со 3-0 на гостувањето против Манчестер Сити.

Иако екипата му беше убедливо поразена, Тухел по мечот упати комплименти на адреса на своите играчи поради начинот на кој се покажале на „Етихад“.

„Можеби ќе ви звучи чудно, но јас уживав во овој натпревар. Секако, резултатот е катастрофален, но кога говориме за играта, за вложениот труд, треба да бидам задоволен од она што го видов. Се вљубив во мојот тим, во начинот на кој игравме на гостински терен против Манчестер Сити. Штета што не ја добивме наградата за вложениот труд, заслуживме да дадеме најмалку еден гол со она што го прикажавме“, изјави Тухел.

Се вчитува...