Тухел: Јас сум тренер на ПСЖ, а не Мбапе

Килијан Мбапе збесна на „Паркот на принцовите“ откако Томас Тухел го повлече од игра во 69.минута од дуелот со Монпелје. Тој постигна еден гол на стартот на второто полувреме, но имаше жестока реакција кога требаше да биде заменет. Сепак, Томас Тухел вели дека тој ги носи одлуките за тимот.

„Ова не се пријатни слики, но ние не сме единствен клуб каде ова се случува. Не е добро затоа што придонесува за контроверзи и жестоки реакции. Не сум лут, но тажен сум и разочаран, бидејќи ова навистина не е потребно. Јас сум тренер на ПСЖ, а не Мбапе. И секогаш ќе одлучувам во корист на тимот. Ова не е тенис, ова е фудбал и сите ние мора да имаме меѓусебна почит“, изјави Тухел.

ПСЖ со убедливи 5-0 го совлада Монпелје и е лидер на табелата во францускиот шампионат со 55 бода.

Се вчитува...